„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за градење

06.11.2023

Цели на предлог регулативата:
Основни цели на Предлог на Законот за градење се:
-  враќање на уставноста во законодавната материја што го уредува процесот на спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови, односно на процесот на уредување на просторот со изградба на градби,
-  уредување на уставната поделба на надлежности во уредувањето на просторот и градењето, на работи од државно значење и на работи од локално значење,
-   уредување на материјата на проектирање, на издавање на акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште, градење, уредување на градежносто земјиште и приклучување на градбите на инфраструктурните системи, пуштање на градбите во употреба и нивното употребување и одржување според нивната намена,
-      уредување на категоризацијата на градби, во која се вклучуваат сите видови на градби што се градат на целата територија на Републиката и утврдување јасна поделба помеѓу градби од државно значење и градби од локално значење, како и јасна диверзификација на постапките и надлежностите на проектите и актите за нивното градење,
-    системска диверзификација со олеснување и скратување на постапките за издавање на актите за градење со воведување на обединета постапка за сите видови на акти за градење,
-   зголемување на транспарентноста, инклузивноста, партиципативноста и стручноста во процесот на  изградбата,
укинување на прекумерниот број на некоординирани мислења, согласности и формални елаборати што само го обременуваат процесот на изградбата, што е предизвикано со нормативни упади од страна на други закони и прописи во материјата што ја уредува овој закон,
- воспоставување на законска основа за развивање и операционализација на информациски систем за следење на изработувањето, донесувањето, спроведувањето и следењето на спроведувањето на урбанистичките планови и издавањето акти за градење,
- усогласување на Законот за градење со Законот за урбанистичко планирање и другите сродни закони, а воедно негово усогласување со европското законодавство.