„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
11.03.2022
Согласно Известувањето на Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство, со предложените измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, како и условите кои треба да ги исполнат кланиците.
Целта е унапредување на одговорното сопствеништво на домашните миленици, како и спроведување на Стратегијата за заштита и благосостојба на животните за пролонгирање на рокот за отфрлање на основниот кафезен систем систем за држење на кокошки несилки.