„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Упатство за изменување и дополнување на упатството за начинот на изготвување на годишната програма и микролокациските услови за поставување на времени објекти

10.11.2023

Врз основа на член 81 став (2) од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22 и 111/23) министерот за транспорт и врски донесе
У П А Т С Т В О
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА
ГОДИШНАТА ПРОГРАМА И МИКРОЛОКАЦИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕНИ
ОБЈЕКТИ
 
1. Во Упатството за начинот на изготвување на годишната програма и микролокациските услови за поставување на времени објекти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10), точката 2 се менува и гласи:
„Годишната програма за поставување на времени објекти (во понатамошниот текст: Програмата), изработена од овластени правни лица за планирање на просторот во електронска форма (pdf. и .dwg формат) и три примероци во хартиена форма, спакувана, подврзана во папки А4 формат и потпишана од изготвувачот, од страна на општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, се доставува до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот за добивање согласност. Два примероци од Програмата за поставување на времени објекти со добиена согласност се доставуваат до градоначалникот на општината, а еден примерок задржува органот што ја донел Програмата.“.
2. Tочката 3 се менува и гласи:
„Програмата содржи текстуален и графички дел.
Текстуалниот дел на Програмата содржи основни податоци за изготвувачот-правното лице кое ја изработува Програмата и сите учесници во изготвувањето, за нарачателот на Програмата, за кој простор и за кој период се однесува Програмата, општите и посебните услови за времените објекти, како и мислења од правните лица кои вршат јавни овластувања согласно закон за постојни надземни и подземни инфраструктурни мрежи (електронапојување, водоснабдување и канализација, мрежа за телефонија, електронски комуникации и сл.) кои се однесуваат на најновата состојба на катастарските парцели и имотни листови за катастарските парцели каде се поставуваат времените објекти.“.
3. Во точката 5 зборовите „важечката планска документација“ се заменуваат со зборовите „урбанистички план“.
4. Точката 6 се менува и гласи: „Изводот од урбанистички план се издава согласно член 57 од Законот за урбанистичко планирање и член 20 од Правилникот за урбанистичко планирање.“.
5. Точката 7 се менува и гласи:
„Со графичкиот прилог на геодетската подлога изработен од трговско друштво за геодетски работи или трговец поединец-овластен геодет согласно Законот за катастар на недвижности, се ажурира просторот на кој постојат и/или се планираат времени објекти, а се изработува врз катастарски план со најнова состојба на катастарските парцели со постојни надземни и подземни
инфраструктурни мрежи. На овој графички прилог со колоритно означување се прикажуваат постојните времени објекти и предвидените времени објекти со површината која ја зафаќаат.“.
6. Во точката 8 зборовите „важечката планска документација“ се заменуваат со зборовите „урбанистички план“.
7. Точката 9 се менува и гласи:
„Постоечката состојба треба да содржи ситуација на поширок опфат во рамките на урбанистичкиот план, со времени објекти (во групи или поединечно) во размер соодветен на изводот, постојни надземни и подземни инфраструктурни мрежи, постојно зеленило, легенда (табела) со податоци за постојните времени објекти со: површина, намена, дали за времениот објект е издадена документација и до кога е во важност, податоци за сопственоста и степенот на уреденост на земјиштето со инфраструктура на кое е поставен времениот објект.“.
8. Точката 10 се менува и гласи:
„Планираната состојба треба да содржи ситуација на поширок опфат во рамките на урбанистичкиот план, во размер соодветен на изводот, со легенда (табела) која ќе содржи целосни податоци за површината, намената на времените објекти и уреденоста на земјиштето со инфраструктура и зеленило, за:
- времени објекти кои се предвидуваат со Програмата и
- времени објекти кои ќе се отстранат (поради безбедност, напуштени објекти, дотраени објекти, објекти кои не соодветствуваат согласно закон со дејноста и/или со рокот за поставување определен со договорот).“.
9. Во точката 12 зборовите „важечката планска документација“ се заменуваат со зборовите „урбанистичкиот план“.
10. Точката 14 се менува и гласи:
„На површината утврдена за градење на објект предвиден со урбанистички план, не може да се предвиди поставување на времени објекти со идентична намена-дејност со предвидената од истиот урбанистички план.“.
11. Во точката 16 зборовите „Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање“ се заменуваат со зборовите ,,Правилникот за урбанистичко планирање“.
12. Точката 18 се менува и гласи:
„Времените објекти за сообраќајни дејности (привремени паркинзи и приодни патеки), треба да се предвидуваат со бехатон, павер елементи или слични монтажно- демонтажни градежни елементи, кои нема трајно да го изменат градежното неизградено земјиште. За овие времени објекти може да се предвидува обележување со поставување на ниски монтажни препреки со висина најмногу до 0,40м, односно не треба да се предвидува поставување на високи, ѕидани и други огради.
Доколку времените објекти за сообраќајни дејности (привремени паркинзи) се потребни за државни органи, јавни претпријатија и други субјекти основани од Владата на Република Северна Македонија, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, може да се предвидуваат на две нивоа со монтажно-демoнтажни градежни елементи, кои нема трајно да го изменат градежното неизградено земјиште, со висина од терен до монтажна препрека-ограда најмногу до 4,50м, а во оваа висина двете нивоа исклучиво да се користат само за паркирање. Во случаите кога се предвидуваат привремени паркинзи со монтажно-демонтажни градежни елементи со две нивоа не треба да се покрива и затвора времениот објект со прегради, а растојанието на времениот објект до соседните градежни односно катастарски парцели треба да биде: најмалку 3м од страните на парцелата каде со урбанистичкиот план се предвидени соседни градежни парцели и најмалку 3м од страните на парцелата каде има постојни објекти ажурирани во најновата состојба на соседните катастарски парцели.“
13. Во точката 22 зборовите „Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање“ се заменуваат со зборовите ,,Правилникот за урбанистичко планирање“.
14. По точката 23 се додава нова точка 23-а која гласи:
„23-а. При утврдување на просторот за поставување на времени објекти се применуваат одредбите од членовите 33, 34, 35, 36 и 37 од Законот за урбано зеленило.“.
15. Во точката 24 алинејата 7 се менува и гласи:
„- други услови, добиени од мислењата од правните лица кои вршат јавни овластувања согласно закон, за постојни надземни и подземни инфраструктурни мрежи (електронапојување, водоснабдување и канализација, мрежа за телефонија, електронски комуникации и сл.) кои се однесуваат на најновата состојба на катастарските парцели со надземната и подземната инфраструктурна мрежа.“.
16. Во точката 25 зборовите „важечката планска документација“ се заменуваат со зборовите „урбанистичкиот план“.
17. Ова упатство влегува вο сила наредниот ден од денοт на бјавувањетo во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 01-5476/1                                     Министер
8 ноември 2023 година         за транспорт и врски,
Скопје                                       Благој Бочварски, с.р.