„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за ратификација на Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи

16.11.2023

Уставна основа за донесување на Законот Уставната основа за донесување на Законот што се предлага е содржана во член 68 став 1 алинеја 6 од Уставот на Република Северна Македонија според кој, Собранието на Република Северна Македонијасо закон ги ратификува меѓународните договори на Република Северна Македонија.
Причини поради кои се предлага ратификацијата на Протоколот
Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена организација усвоена во Женева, на 21 мај 2003 година, во сила од 27 февруари 2005 година е еден од нај прифатените и
најбрзо ратификуваните договори во историјата на ООН. До денес, Рамковната конвенција е ратификувана од 181 држава што опфаќа 90% од светската популација. Нашата држава на 30 јуни 2006
година пристапила кон оваа Конвенција. Истата предвидува строга регулација на сите сегменти од производство до оданочување на производите од тутун, притоа поттикнувајќи ги државите да
предвидуваат построги мерки во овој контекст. На петтата конференција на договорните страни на Рамковната конвенција одржана во Сеул, на 12 ноември 2012 година е усвоен Протоколот за
елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи, во сила на 25 септември 2018 година. Протоколот е потпишан од македонска страна во Њујорк на 8 јануари 2014 година.
Протоколот претставува силна и ефикасна алатка за борба против нелегалната трговија тутунските производи и неговите сериозни последици.