„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за изменување на правилникот за начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна

15.11.2023

Врз основа на член 10 став (17) од Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УВОЗ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА УВОЗНИЦИ НА ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ
 
Член 1
Во Правилникот за начинот и постапката за регистрација на правни лица кои вршат увоз на храна за животни, како и формата и содржината на регистарот на увозници на храна за животни („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 196/23), Прилозите 1 и 2 се заменуваат со нови Прилози 1 и 2 кои се составен дел на овој правилник.
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 02 – 2965/3
13 ноември 2023 година     Агенција за храна и
Скопје                                       ветеринарство
                                                    в.д. Директор,
                                                 Николче Бабовски, с.р.