„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за престанување на важењето на тарифникот за висината на реално потребните трошоци за полагање на испитот за медијатор, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците односно акредитациите

17.11.2023

Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), министерот за правда донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ТАРИФНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА РЕАЛНО ПОТРЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА МЕДИЈАТОР, ПРИЗНАВАЊЕ НА ОБУКИТЕ ЗАВРШЕНИ ВО СТРАНСТВО И ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ ОДНОСНО АКРЕДИТАЦИИТЕ
 
Член 1
Со овој правилник престанува да важи Тарифникот за висината на реално потребните трошоци за полагање на испитот за медијатор, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците односно акредитациите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 9/17).
Член 2
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 21-1550/5
13 ноември 2023 година          Министер за правда,
Скопје                                                Кренар Лога, с.р.