„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Програма за изменување на Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година

21.11.2023

Врз основа на член 31 став (2) од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22 и 207/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 ноември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ
НА ХРАНА ЗА 2023 ГОДИНА
 
I
Во Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/23), во дел I во ставот (2) износот „35.000.000“ се заменува со износ „100.000.000“.
II
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11955/4                         Прв заменик на претседателот
14 ноември 2023 година           на Владата на Република
Скопје                                             Северна Македонија,
                                                           д-р Artan Grubi, с.р.