„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на живи животни заради заштита од внесување на вирусот на сипаници кај овци и кози во Република Северна Македонија

21.11.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ
ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни заради заштита од внесување на вирусот на сипаници кај овци и кози во Република Северна Македонија по потекло од Република Бугарија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 201/23), во членот 1 зборот „регионите“ се заменува со зборот „регионот“.
Зборовите „и Јамбол/Yambol“ се бришат.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-2655/2
                                           Агенција за храна и
                                               ветеринарство
16 ноември 2023 година  в.д. директор,
Скопје                              Николче Бабовски, с.р