„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за формата и содржината на прекршочниот платен налог

27.11.2023

Врз основа на член 63 став (3) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/21), министерот за животната средина и просторно планирање донесе
П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПРЕКРШОЧНИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог.
Член 2
Прекршочниот платен налог за микро трговец, мал трговец, среден трговец и голем трговец кој е правно лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Прекршочниот платен налог за одговорното лице во правното лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
Прекршочниот платен налог за физичко лице е отпечатен на хартија со бела боја во А4 формат.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог од ставот 1 на овој член се дадени во Прилог 3, кој е составен дел на овој правилник.
Член 5
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 13-6624/1                                  Министер за животна средина
20 ноември 2023 година                  и просторно планирање,
Скопје                                                              Каја Шукова, с.р