„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за изменување на правилникот за барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад

27.11.2023

Врз основа на член 64 ставови (12), (13) и (14) од Законот за управување со отпадот (*) („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 216/21) и член 4 став (2) од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/13), министерот за животна средина и просторно планирање донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА БАРАЊАТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ОД СТРАНА НА СУБЈЕКТИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ДОЗВОЛАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД (*)
 
Член 1
Во Правилникот за барањата што треба да се исполнат од страна на субјектите за добивање на дозвола за управување со отпад, формата и содржината на образецот на барањето за добивање на дозвола за управување со отпад и начинот на доставување на барањето, како и формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на дејност за управување со отпад (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 105/23 и 204/23 ), Прилогот 1 се заменува со нов Прилог 1 кој e составен дел на овој правилник.
Член 2
 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 13-6625/1                            Министер за животна средина
20 ноември 2023 година           и просторно планирање,
Скопје                                                     Каја Шукова, с.р.