„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Решение за изменување на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животнинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во РСМ по потекло од Република Полска

29.11.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ПОЛСКА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Полска (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 3/23, 41/23, 105/23 и 117/23), во членот 1 ставот (1) се менува и гласи: „Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца се забранува увозот во Република Северна Македонија на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат од регионите Грифицки/Gryficki и Пиотрковски/Piotrkowski во Република Полска.“.
Член 2
 Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
 Бр. 02-555/4                                  Агенција за храна
24 ноември 2023 година            и ветеринарство
Скопје                                                 в.д. Директор,
                                                  Николче Бабовски, с.р.