„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во РСМ кои потекнуваат од Република Италија

29.11.2023

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ,
ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД
ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат од Република Италија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 40/23, 114/23 и 203/23), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 02-556/8                                       Агенција за храна
24 ноември 2023 година                 и ветеринарство
Скопје                                                     в.д. Директор,
                                                           Николче Бабовски, с.р.
__________
Прилог
Региони во Република Италија:
- Реџо ди Калабрија/Reggio di Calabria,
- Нуоро/Nuoro и
- Павиа/Pavia.