„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за дополнување на законот за јавните патишта

01.12.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издава
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА
Се прогласува Законот за дополнување на Законот за јавните патишта, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 27 ноември 2023 година.
 
Бр. 08-6168/1                       Претседател на Република
27 ноември 2023 година        Северна Македонија,
Скопје                                       Стево Пендаровски, с.р. 
 
 Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
 
З А К О Н ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА
 
Член 1
Во Законот за јавните патишта („Службен весник на Република Македонија" број 84/2008, 52/2009, 114/2009, 124/10, 23/11, 53/11, 44/12, 168/12, 163/13, 187/13, 39/14, 42/14, 166/14, 44/15, 116/15, 150/15, 31/16, 71/16 и 163/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 174/21), во членот 65 по зборовите: „церебрална парализа,“ се додаваат зборовите: „хронично болни од најтежок облик на заболување од цистична фиброза“.
Член 2
Во член 66 во ставот (2) по зборовите: „церебрална парализа,“ се додаваат зборовите: „хронично болни од најтежок облик на заболување од цистична фиброза“.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.