„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА

12.05.2022

 Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со овој закон се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, надоместок на штета и право на отштета, порибување и производство на порибителен материјал како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата.

Целите на предлог законот се управување со рибите и другите водни организми на начин со кој се постигнува економска и општествена придобивка, зголемен број на вработувања и придонес кон достапноста на снабдувањето со хранач, користење на рибите и другите водни организми по принципот на одржливо користење кој придонесува за зачувување на биодиверзитетот и еколошкиот пристап на риболовните води и развој на одржливи активности во аквакултурата и промоција на здрава, висококвалитетна храна без негативно влијание на животната средина.