„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за давање согласност на Правилникот за поблиските услови по однос на просторот опремата кадарот начинот на обезбедување и чување на просторот на кој се одгледува канабис

06.12.2023

Врз основа на член 29-б став 7 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/08, 124/10, 164/13, 149/15, 37/16, 53/16 и 193/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 ноември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ПО ОДНОС НА ПРОСТОРОТ, ОПРЕМАТА, КАДАРОТ, НАЧИНОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ НА КОЈ СЕ ОДГЛЕДУВА КАНАБИСОТ
 
1. Со оваа одлука се дава согласност на Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата, кадарот, начинот на обезбедување и чување на просторот на кој се одгледува канабисот бр. 19-8646/1 од 20.10.2023 година, донесен од министерот за здравство.
 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11142/6                Претседател на Владата
28 ноември 2023 година на Република Северна
                                            Македонија,
Скопје                   д-р Димитар Ковачевски, с.р.