„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за одобрување на планот за развој на електродистрибутивниот систем за период од 2024 година до 2028 година

13.12.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 15, а во врска со член 94 став (2) од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на 7 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА ПЕРИОД ОД 2024 ДО 2028 ГОДИНА
 
1.Се одобрува усвоениот План за развој на електродистрибутивниот систем за период од 2024     до 2028 година, доставен од страна на Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во државна сопственост, Скопје - Подружница ЕНЕРГЕТИКА.
2. Се задолжува Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, во државна сопственост, Скопје - Подружница ЕНЕРГЕТИКА, Планот за развој од точка 1 од оваа одлука да го објави на својата веб страница.
 3. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
Бр. 12-2517/3 Регулаторна комисија за енергетика,
7 декември 2023 годинаводни услуги и услуги за управување
Скопје   со комунален отпад на Република Северна Македонија
                         Претседател,
               Марко Бислимовски, с.р