„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Програма за изменување на програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2023 година

13.12.2023

Врз основа на член 36 став (5) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 6 декември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА КОНКУРЕНТНОСТА НА ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА И ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА 2023 ГОДИНА
 
I
Во Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/23), во дел I. став 1 во воведната реченица зборовите „31.900.000,00 (триесет и еден милион и деветстотини илјади)” се заменуваат со зборовите „26.900.000,00 (дваесет и шест милиони и деветстотини илјади)”.
Во алинејата 1 зборовите „30.900.000,00 (триесет милион и деветстотини илјади)” се заменуваат со зборовите „25.900.000,00 (дваесет и пет милиони и деветстотини илјади)”.
II
Во делот II. точка А. во ставот 1 во воведната реченица износот „30.900.000,00” се заменува со износот „25.900.000,00”.
Во мерката 1. износот „12.000.000,00“ се заменува со износот „6.000.000,00“.
Во подмерката 1.1 износот „12.000.000,00“ се заменува со износот „6.000.000,00“.
Во мерката 2. став 1 износот „3.000.000,00” се заменува со износот „4.000.000,00”.
 III
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11948/5       Прв заменик на претседателот
6 декември 2023 годинана Владата на Република
Скопје                    Северна Македонија,
                                    д-р Artan Grubi, с.р.