„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Објава за износот на даночното намалување за 2024 година

13.12.2023

Врз основа на член 10 став (4) од Законот за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија“ бр. 241/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22), министерот за финансии
О Б Ј А В У В А
 
1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2024 година на годишно ниво, изнесува 114.480,00 денари.
2.Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 9.540,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.
Бр. 20-8230/1
7 декември 2023 година  Министер за финансии,
Скопје                                    д-р Fatmir Besimi, с.р.