„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за задолжување на РСМ со заем кај фондот за меѓународен развој на организацијата на земјите извознички на нафта по договорот за заем за програмата за одржливост и отпорност

14.12.2023

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ ФОНДОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЗЕМЈИТЕ ИЗВОЗНИЧКИ НА НАФТА ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ОДРЖЛИВОСТ И ОТПОРНОСТ
 
Се прогласува Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Фондот за меѓународен развој на организацијата на земјите извознички на нафта по договорот за заем за програмата за одржливост и отпорност, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 12 декември 2023 година.
 
Бр. 08-6446/1                  Претседател на Република
12 декември 2023 година    Северна Македонија,
Скопје                                      Стево Пендаровски, с.р.
 
            Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
м-р Talat Xhaferi, с.р.
З А К О Н
ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ ФОНДОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЗЕМЈИТЕ ИЗВОЗНИЧКИ НА НАФТА ПО ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕМ ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ОДРЖЛИВОСТ И ОТПОРНОСТ
 
Член 1
Република Северна Македонија се задолжува кај Фондот за меѓународен развој на Организацијата на земјите извознички на нафта со заем во износ од 50.000.000 евра, наменет за реализација на Програмата за одржливост и отпорност.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 од овој закон се утврдуваат со Договор за заем за Програмата за одржливост и отпорност, кој ќе се склучи меѓу Република Северна Македонија и Фондот за меѓународен развој во рамки на Организацијата на земјите извознички на нафта - ОПЕК.
Во име на Република Северна Македонија, Договорот за заем од ставот 1 на овој член ќе го потпише министерот за финансии.
Член 3
Рокот за отплата на заемот од членот 1 од овој закон е 10 години, со вклучен грејс-период од две години.
Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1,7%.
По потпишувањето на Договорот за заем од членот 2 став 1 од овој закон, Република Северна Македонија ќе му плати на Фондот за меѓународен развој на Организацијата на земјите извознички на нафта еднократна провизија во износ од 0,25% од износот на заемот.
Република Северна Македонија ќе му плаќа на Фондот за меѓународен развој на Организацијата на земјите извознички на нафта провизија во висина од 0,25% од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.
Заемот од членот 1 од овој закон ќе се отплаќа на 16 полугодишни рати, на 15 јануари и 15 јули секоја година.
Член 4
Корисник на средствата од заемот од членот 1 од овој закон е Министерството за финансии.
Член 5
Република Северна Македонија заемот од членот 1 од овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија.
Член 6
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонијa.