„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на извештајот за пресметка за данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување во случаите кога доверителот е стеккнувач на доброто

20.12.2023

Врз основа на член 53 став (13) од Законот за данокот на додаденa вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/99, 86/99, 8/01, 21/03, 19/04, 33/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14 , 130/14, 15/15, 129/15, 225/15, 23/16, 189/16 и 198/18 ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 , 124/19, 275/19, 267/20, 163/21, 57/22 и 199/23), министерот за финансии, донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКOT ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИЗВЕШТАЈОТ ЗА
ПРЕСМЕТКА НА ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ВО ПОСТАПКА НА ПРИСИЛНА НАПЛАТА
И ПРИСИЛНО ИЗВРШУВАЊЕ, ВО СЛУЧАИТЕ КОГА ДОВЕРИТЕЛОТ Е СТEКНУВАЧ НА ДОБРОТО
 
Член 1
Во Правилникoт за формата и содржината на извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стeкнувач на доброто (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.143/15), во член 2 став (2) алинејата 4 се менува и гласи:
„податоци за прометот (опис, количина, постигната крајна цена, даночна основа, даночна стапка и данок на додадена вредност);“.
Член 2
Прилогот се заменува со нов Прилог кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 20-8433/1
15 декември 2023 година Министер за финансии,
Скопје                                     д-р Fatmir Besimi, с.р.