„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за изменување на правилникот за формата и содржината на барањето/ потврдата за изземање на службено лице формата и содржината на барањето потврдата за откажување од пријавата за запишување спроведување промени во катастарот на недвижностите, начинот на издавање, како и формата и содржината на податоците кои се издаваат на обрасци од катастарот на недвижности

21.12.2023

Врз основа на член 168 од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ број бр.55/13, 41/14, 115/14, 116/15, 153/15, 192/15, 61/16, 172/16, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19), Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО/ПОТВРДАТА ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО/ПОТВРДАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПРИЈАВАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ/СПРОВЕДУВАЊЕ ПРОМЕНИ ВО КАТАСТАРОТ НА НEДВИЖНОСТИТЕ, НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ, КАКО И ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОДАТОЦИТЕ КОИ СЕ ИЗДАВААТ НА ОБРАСЦИ ОД КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ
 
Член 1
Во Правилникот за формата и содржината на барањето/потврдата за изземање на службено лице, формата и содржината на барањето/потврдата за откажување од пријавата за запишување/спроведување промени во катастарот на недвижностите, начинот на издавање, како и за формата и содржината на податоците кои се издаваат на обрасци од катастарот на недвижности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 144/2013, бр. 64/2014 252/21 и 142/2022), во членот 24 , по алинеја 3 се додава нова алинеја која гласи:
„-Список на индикации за згради, посебни делови од згради и други објекти и за правото на недвижноста“.
По ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи:
„(5) Формата и содржината на список на индикации за згради, посебни делови од згради и други објекти и за правото на недвижноста од став (1) алинеја 4 на овој член се дадени во прилог број 27 кој е составен дел на овој правилник.
Член 2
Овој правилник влегува во сила во рок од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 0101-17717/1                      Управен одбор
18 декември 2023 година       Претседател,
Скопје                                 Роберт Бешовски, с.р