„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за одобрување на план за намалување на загубите на електрична енергија во електродистрибутивниот ситем на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје за период 2024-2026 година

21.12.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 2) алинеја 13 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на 20 декември 2023 година донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ НА ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ ЗА
ПЕРИОД 2024-2026 ГОДИНА
 
1. Со оваа одлука се одобрува План за намалување на загубите на електрична енергија во електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје за период 2024-2026 година со динамика за намалување на количина на електрична енергија потребна за покривање на загубите на електрична енергија утврдена во точка 2 од оваа одлука.
2. Динамиката за намалување на загубите на електрична енергија во електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје за период 2024 – 2026 година изнесува:
Година
2024
2025
2026
Gwh
785
750
721
 
3. Се задолжува Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје во рок од еден ден од донесување на оваа одлука, динамиката од точка 2 на оваа одлука да ја вклучи во Планот за намалување на загубите на електрична енергија за период 2024-2026 година.
4. Се задолжува Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје во рок од еден ден од денот на донесување на оваа одлука да го усвои Планот за намалување на загубите на електрична енергија за период 2024-2026 година со динамиката од точка 2 на оваа одлука и да го објави на својата веб страница
5. Оваа одлука влегува со сила со денот на донесувањето, а се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
 
Бр. 12-2572/3
20декември 2023 година
Скопје
         Регулаторна комисија за енергетика
водни услуги и услуги за управување
со комунален  отпад на Република Северна
                Македонија
               Претседател
       Марко Бислимоски, с.р