„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за одобрување на работењето на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт А.Д Скопје

21.12.2023

Во согласност со член 383, став (1) точка 4 од Закон за трговски друштва („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 290/20, 215/21 и 99/22), Владата на Република Северна Македонија, во својство на Собрание на акционери на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, на седницата, одржана на 19 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ТРАНСПОРТ АД – СКОПЈЕ
 
Член 1
Со оваа одлука се одобрува работењето на Управниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје за спроведување на Одлуката бр. 1881/1-4 од 24.10.2023 година за склучување на Анекс кон Договорот за заем со заемодавачот АД МЕПСО, солемнизиран под ОДУ бр. 5091/17 од 25.12.2017 година заведен кај заемодавачот под бр. 02-7951 од 25.12.2017 година, а кај Заемопримачот под бр. 2773/1 од 25.12.2017 година и кон Анексот 1 на овој договор ОДУ бр 2126/18 од 27.12.2018 година, солемнизиран кај нотар Ана Брашнарска од Скопје и кон Анексот 2 со ОДУ бр. 2451/19 од 31.12.2019 година,солемнизиран кај нотар Анета Петровска Алексовска од Скопје и кон Анексот 3 со ОДУ бр. 2909/20 од 30.12.2021 година солемнизиран кај нотар Анета Петровска Алексовска од Скопје, Анексот бр. 4 со ОДУ бр. 3167/21 од 30.12.2021 година солемнизиран кај нотар Анета Петровска Алексовска од Скопје како и кон Анексот бр. 5 со ОДУ број 3069/22 од 30.12.2022 година солемнизиран кај нотар Анета Петровска Алексовска од Скопје, со кој рокот на отплата ќе се продолжи од 31.12.2023 година до 31.12.2024 година.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-11644/9                                
19 декември 2023 година          
Скопје                   Заменик на претседателот на       
          Владата на Република Северна Македонија
                                         Фатмир Битиќи, с.р.