„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Програма за изменување на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија за 2023 година

21.12.2023

Врз основа на член 36 став (5) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 19 декември 2023 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО И КОНКУРЕНТНОСТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА 2023 ГОДИНА
 
Член 1
Во Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/23), во член 1 во ставот 2 зборовите „62.000.000 (шеесет и два милиони)” се заменуваат со зборовите „38.000.000 (триесет и осум милиони)”.
Член 2
Во член 2 во мерката 1 износот „43.000.000“ се заменува со износот „21.000.000“.
Во мерката 2 износот „5.000.000“ се заменува со износот „4.000.000“.
Во мерката 3 износот „2.000.000“ се заменува со износот „1.000.000“.
Член 3
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-10909/7                
19 декември 2023 година
Скопје
                                Заменик на претседателот
                                   на Владата на Република
                                      Северна Македонија,
                                     Фатмир Битиќи, с.р.