„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за одобрување на регулиран максимален приход регулирана просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за 2024 година, 2025 и 2026 година за вршење на регулирана енергетска дејност пренос на електрична енергија на АД МЕПСО Скопје

24.12.2023

Врз основа на член 24 став (1) точка 1) алинеја 17 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 96/19 и 236/22) и членот 17 став (1) од Правилникот за начин и услови за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 247/23), а во согласност со Тарифниот систем за пренос на електрична енергија и за пазар на електрична енергија (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 95/19 и 103/19), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на 22 декември 2023 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА РЕГУЛИРАН МАКСИМАЛЕН ПРИХОД, РЕГУЛИРАНА ПРОСЕЧНА ТАРИФА И ТАРИФИ ЗА ПРЕСМЕТКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА 2024 ГОДИНА, КАКО И ОСНОВЕН ПРИХОД ЗА 2024, 2025 И 2026 ГОДИНА ЗА ВРШЕЊЕ НА РЕГУЛИРАНАТА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРЕНОС НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА АД МЕПСО СКОПЈЕ
 
1. Основниот приход (BR) за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија на АД МЕПСО Скопје се одобрува, да изнесува:
- 1.934.579.753 денари за 2024 година,
- 1.944.376.775 денари за 2025 година,
- 1.954.223.411 денари за 2026 година.
2. Регулираниот максимален приход (MAR) за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија за 2024 година, се одобрува да изнесува 1.729.950.589 денари.
3. Регулираната просечна тарифа за пренос на електрична енергија за периодот од точка 2 од оваа одлука, се утврдува да изнесува 0,2935 ден/kWh за планирана испорака на 5.893.497.416 kWh електрична енергија на излез од преносната мрежа.
4. Во согласност со регулираниот максимален приход (MAR) утврден со точка 2 од оваа одлука, тарифите за пресметковните елементи врз основа на кои АД МЕПСО Скопје, како вршител на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија, го фактурира надоместокот за користење на електропреносниот систем, изнесуваат:
Тарифи за пресметковни елементи
 
Врвна активна моќност (ден/kW)
активна електрична енергија (ден/kWh)
реактивна електрична енергија (ден/kvarh)
13,6690
0,2656
0,1063
 
5. Тарифите за пресметковните елементи од точка 4 на оваа одлука се применуваат во период од отпочнувањето на примена на оваа одлука до 31.12.2024 година.
6. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2024 година.
УП1 бр. 08-882/23
22 декември 2023 година         
Скопје  
          Регулаторна комисија за енергетика,
          водни услуги и услуги за управување
          со комунален отпад на Република
                Северна Македонија
                    Претседател,
               Марко Бислимоски, с.р