„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
13.01.2024
Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност го уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење. Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност. Со цел сигурно и безбедно управување со радиоактивен отпад и искористени затворени радиоактивни извори, се наметна потреба од доуредување на одредбите од Законот и предвидување на оператор на склад за радиоактивен отпад. Со назначувањето на Институтот за јавно здравје како оператор на склад за радиоактивен отпад ќе се придонесе во соодветно уредување на соодветната област. За таа цел се предлага донесување на Предлог Законот.