„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Програма за основни геолошки истражувања за 2024 година

23.01.2024

Врз основа на член 5 алинеја 1 од Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12, 41/14, 61/16 и 64/18), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 јануари 2024 година, донесе
П Р О Г Р А М А
ЗА ОСНОВНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА  ЗА 2024 ГОДИНА
 
I
Со оваа програма се утврдува висината на средствата, намената и начинот за нивното користење, видот и обемот на основните геолошки истражувања за 2024 година.
II
Средствата за финансирање на оваа програма се во износ од 8.050.000 (осум милиони и педесет илјади) денари, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, раздел – 10001, програма 2, потпрограма 21 - Геолошки завод, категорија 48 - капитални расходи, ставка 485 – вложувања и нефинансиски средства.
III
Средствата за финансирање на оваа програма се со цел обезбедување на основните геолошки, хидро-геолошки и инженерскогеолошки карти и ќе се користат за следната намена:
Ред.бр.
Опис
Износ (денари)
1.
Изработка на Основна хидрогеолошка карта на Република Северна Македонија во размер 1:100 000, лист Скопје (IV фаза на реализација)
 
 
5.000.000
 
2.
Изработка на Основна инженерско-геолошка карта на Република Северна Македонија во размер 1:100 000,
лист Скопје (III фаза на реализација)
3.050.000
 
 
Вкупно: 8.050.000
 
IV
Реализацијата на проектите од делот III од оваа програма ќе се врши врз основа на склучени договори со изведувачи кои ќе се изберат со објавување на јавен повик и спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги.
Со најповолниот понудувач Геолошкиот завод на Република Северна Македонија ќе склучи договор за јавна набавка.
V
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-144/4
16 јануари 2024 година
 Скопје
                                                      Заменик на претседателот на Владата
                                                           на Република Северна Македонија,                               
                                                                   м-р Бојан Маричиќ, с.р