„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Годишна програма за финансирање на изработка на просторен план на Република Северна Македонија за 2024 година

23.01.2024

Врз основа на член 36 став (5) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 јануари 2024 година, донесе
ГОДИШНА ПРОГРАМА
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗРАБОТКА НА ПРОСТОРЕН ПЛАН НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА
 
1. Средствата за реализација на оваa програма се обезбедени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, Раздел 12101, Програма 3, Потпрограма 30, Категорија 42, Ставка 425 Договорни услуги, во износ од 25.231.000,00 денари.
2. Средствата од точка 1 од оваа програма ќе се користат за изработка на нов просторен план на Република Северна Македонија во износ од 25.231.000,00 денари.
3. За спроведување на оваа програма ќе се грижи Министерството за животна средина и просторно планирање.
4. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-401/4       Заменик на претседателот на
    Владата на Република Северна Македонија   
                     м-р Бојан Маричиќ, с.р.
16 јануари 2024 година               
Скопје,