„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за финансиски инструменти

02.02.2024

Цели, начела и основни решенија на законот:
 
Основната цел на Предлогот на Законот за финансиски инструменти е негово усогласување со Директива 2014/65/ЕУ за пазари на финансиски инструменти и другите релевантни директиви од областа на пазарот на капитал. Законот чие донесување се предлага се заснова врз следните начела:
- стручност, професионалност и висок степен на професионална одговорност на вработените во инвестициските друштва, Пазарниот оператор, Централниот депозитар за хартии од вредност и на вработените во Комисијата за хартии од вредност;
- непристрасност и независност при вршењето на надзорот на Комисијата за хартии од вредност - транспарентност во работењето на Комисијата за хартии од вредност.
Со Предлогот на Законот:
-се уредува инфраструктура на македонскиот пазар на капитал која ќе кореспондира на оние во земјите на ЕУ, како и лициенцирањето, основањето и организациски барања на инвестициските друштва ќе се врши според стандардите на ЕУ,
- се воведуваат нови платформи за тргување мултилатерлан платформа за тргување (МПТ) и Организирана платформа за тргување (ОПТ) покрај регулираниот паза, односно берзата, на кои барањата за тргување на овие платформи ќе бидат полиберални во однос на барањата за тргување на берзата,
- се воведува категоризација на клиентите на мали и професионални клиенти , врз основа на нивното знаење, искуство, финансиски состојба и инвестициски цели со цел воведување на поголема заштита на малите клиенти заради нивното помало познавање во областа на инвестирањето во финансиски инструменти,
- се воведува пристап заснован на ризик во делот на капиталните барања инвестициските друштва што ќе овозможи заштита на целокупниот финансиски систем,
-се воведуваат попрецизни и пообемни мерки за откривање и спречување на злоупотреба на пазарот што ќе придонесе за постигнување на повисоко ниво на интегритет на пазарот и
- се уредува основање на три нови типови на субјекти (ОМО- овластен механизам з објавување, ДКП - Давател на консолидирани податоци и ОМИ - Овлатен механизам за извесување, кои што ќе бидат лиценцирани да прибираат податоци за реализираните тргувања на регулираните пазари (берзата и МТО и ОПТ) и да вршат услуги на известување за прибраните податоци, со цел истите да им ги обезбедуваат на инвеститорите, јавноста и на Комисијата за хартии од вредност.

НОВО Образложение за Законот - Усогласено со Секретаријат за законодавство (1).pdf