„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИНТЕРОПЕРАБИЛНОСТ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СИСТЕМ

10.11.2022

 Согласно со Известувањето на Министерството за транспорт и врски, со овој Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, се допрецизираат одредбите за донесување на техничките спецификации за интероперабилност од страна на министерот за транспорт и врски, како и изработката на листата за национални стандарди за примена на европските стандарди од страна на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.