„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правила за изменување на правилата за снабдување со природен гас

12.02.2024

Врз основа на член 24, став (1), точка 1), алинеја 14, а во врска со член 30 од Законот за енергетика* („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22), Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 8 февруари 2024 година донесе
ПРАВИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ПРИРОДЕН ГАС
Член 1
 
Во Правилата за снабдување со природен гас („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.51/19), во членот 4, ставот (1) се менува и гласи:
1) Договор за снабдување со природен гас (во понатамошниот текст: договор за снабдување)
е договор склучен во писмена форма, со кој снабдувачот се обврзува на потрошувачот да му ги
испорача на местото на испорака договорените количини на природен гас со пропишан
квалитет согласно Мрежните правила за пренос на природен гас на операторот за пренос на
природен гас, а потрошувачот се обврзува на снабдувачот да му го плати преземениот
природен гас според мерењата извршени од операторот на системот на кој е приклучен
потрошувачот, по договорена или по цена утврдена во согласност со пропис.
Член 2
Прилог 1 се брише.
Член 3
Овие Правила влегуваат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр.01-210/1
8 февруари 2024 година           Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и
Скопје                                        услуги за управување со комунален отпад на Република
                                                                                Северна Македонија
                                                                                 Претседател,
                                                                        Марко Бислимоски, с.р