„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Програма за изменување и дополнување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година

14.02.2024

Врз основа на член 35 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.283/23) и член 7 ставови (3) и (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 13 февруари 2024 година, донесе
ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2024 ГОДИНА
 
I
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/24), во делот XX став (2) во алинејата 3 бројот „2023“ се заменува со бројот „2024“, а сврзникот „и“ се заменува со точка и запирка.
Во алинејата 4 точката на крајот од реченицата се заменува со точка и запирка и се додаваат четири нови алинеи кои гласат:
„- Ден на Станушината (Stanushina Day);
- Фестивал на храната – Крива Паланка;
- Вински маратон (Wine and Run) и
- Ден на лозарите – Св Трифун 2024.“.
Во ставот (4) во табелата по точката 17 се додаваат нови две точки 18 и 19 кои гласат
18
Slow Wine Fair
Болоња, Италија
2024
19
Terra Madre
Торино, Италија
2024
                                                                                                                                                                                          “
II
Во дел XXII во ставот (2) износот „780.000“ се заменува со износот „7.200.000“.
III
Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија".
Бр. 41-2276/4                              
13 февруари 2024 година           
Скопје                                                 
                                                                
Заменик на претседателот
на Владата на Република Северна Македонија,
Фатмир Битиќи, с.р