„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за обрасците за пријавување и одјавување на живеалиште и престојувалиште, пријавување на промена на адреса на станот на граѓаните за евиденција и за образецот на книгата на гости

26.02.2024

Врз основа на член 17 од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/92, 12/93, 43/00, 66/07, 51/11, 152/15, 55/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/20, 67/22 и 209/23), министерот за внатрешни работи донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
ОБРАСЦИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ И
ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ, ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОМЕНА НА АДРЕСА НА СТАНОТ
НА ГРАЃАНИТЕ, ЗА ЕВИДЕНЦИЈА И ЗА ОБРАЗЕЦОТ НА КНИГАТА НА ГОСТИ
 
Член 1
Во Правилникот за обрасците за пријавување и одјавување на живеалиште и престојувалиште, пријавување на промена на адреса на станот на граѓаните, за евиденција и за образецот на книгата на гости („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/92, 79/00, 155/07 и 285/22), обрасците број 1, 1-а, 2 и 2-а се заменуваат со нови Обрасци број 1, 1-а, 2 и 2-а, кои се дадени во прилог и се составен дел на овој Правилник.
Член 2
Овој Правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
 
Бр. 13.1.1 -21166/1                           Министер
19 февруари 2024 година      за внатрешни работи,
Скопје                                           Панче Тошковски, с.р