„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ВИСИНАТА НА СРЕДСТВАТА ЗА ФИНАСИРАЊЕ НА АКТИВНИТЕ ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2024 ГОДИНА

26.02.2024

Врз основа на член 95 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“ бр.37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16, 119/16, 21/18, 113/18 и 124/19), Управниот одбор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на седница одржана на ден 26.1.2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ВИСИНАТА НА СРЕДСТВАТА ЗА ФИНАСИРАЊЕ НА АКТИВНИТЕ
ПРОГРАМИ И МЕРКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 2024 ГОДИНА
 
Член 1
Висината на средствата за финсирање на активните програми и мерки за вработување
се утврдуваат на 32 % од месечно остварениот приход од придонесот за вработување и се
издвојуваат на потсметка на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
наменета за активни програми и мерки за вработување, најдоцна до 30 во месецот за
претходниот месец.
Член 2
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија е должна издвоените
средства да ги користи исклучиво за намените утврдени со член 1 од оваа Одлука.
Член 3
Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува почнувајќи со месечно
остварениот приход од придонесот за вработување во месец јануари 2024 година.
 
Бр. 02-356/4                                Претседател
26 јануари 2024 година       на Управен одбор,
Скопје                                    Ангел Димитров, с.р