„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за изменување на Законот за хартии од вредност

05.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
 
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
 
Се прогласува Законот за изменување на Законот за хартии од вредност,
што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 28 февруари 2024 година.
 
Бр. 08-1455/1                              
28 февруари 2024 година     
Скопје                                            
 
Претседател на Република
Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието
на Република Северна
Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
 
Член 1
Во Законот за изменување на Законот за хартии од вредност („Службен весник на
Република Северна Македонија“ број 288/21), во член 6 зборовите: „30 април 2024
година“ се заменуваат со зборовите: „30 април 2027 година“.
 
Член 2
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.