„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година

18.03.2024

Врз основа на членот 35 став (5) од Законот за енергетика (*) („Службен весник на
Република Македонија“ број 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 96/19 и 236/22), Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 13 март 2024 година донесе
 
ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОЦЕНТОТ НА ЗАФАЌАЊЕ ОД ВКУПНИОТ
ГОДИШЕН ПРИХОД, ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО НА
РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА, ВОДНИ УСЛУГИ И УСЛУГИ
ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОМУНАЛЕН ОТПАД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА
 
1. Процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година, се утврдува да изнесува:
- 0,0364% од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење
енергетска дејност и од странските друштва кои вршат енергетска дејност во Република Северна Македонија и
- 0,0364% од годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давањето на водни услуги.
2. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
весник на Република Северна Македонија“.
 
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Бр. 08-1960/1
13 март 2024 година
Скопје
 
     Претседател на Собранието
на Република Северна Македонија,
          Јован Митрески, с.р.