„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за рибарство и аквакултура

21.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Ре-публика Северна Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА(*)
 
Се прогласува Законот за рибарство и аквакултура (*),што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 13 март 2024 година.
Бр. 08-1955/1
13 март 2024 година
Скопје
Претседател на Република
 Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател
на Собранието на Република
Северна Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
                 ЗАКОН ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА(*)
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Законот
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Предмет на Законот
Член 1
Со овој закон се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користење-то на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на паза-рот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните органи за спроведување на одредбите на овој закон, заштитата на рибите и другите водни организми, поморот на риби, надоместок на штета и право на отштета, порибувањето и производството на пори-бителен материјал, надзорот и контролата, како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата.