„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година

31.03.2024

Врз основа на член 3, а во врска со член 2 став 2 од Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и член 36 став (3) од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 март 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДЕНОТ И МОМЕНТОТ НА ВОВЕДУВАЊЕТО И ДЕНОТ И
МОМЕНТОТ НА ЗАВРШУВАЊЕТО НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО
2024 ГОДИНА
 
1. Летното сметање на времето во 2024 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s, така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00min 00s се смета како 03h 00min 00s.
2. Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3032/4
26 март 2024 година
Скопје
 
 Претседател на Владата
 на Република Северна Македонија,
м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.