„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

18.12.2022

 Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата, финансирањето и управувањето на системот на образование на возрасните.

Образованието на возрасните е дел од единствениот систем на образованието на Република Северна Македонија.
Образованието на возрасните опфаќа формално и неформално образование и информално учење.
Формално образование на возрасните означува дејност која се изведува согласно законите кои ја регулираат дејноста основно, средно и високо образование. 
Неформално образование на возрасните означува организирани процеси на учење насочени за оспособување на возрасните за работа, за различни социјални активности или личен развој. 
Информално учење на возрасните означува активности во кои возрасните ги прифаќаат ставовите и позитивните вредности, вештините и знаењата од секојдневните искуства и други влијанија од својата околина.
Цели на образованието на возрасните се: 
  •  обезбедување можност за стекнување на соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и
  • овозможување на секој поединец да се стекне со знаења, вештини и ставови кои ќе бидат во согласност со барањата на општеството, пазарот на трудот и во функција на доживотното учење.
Понудувачи на услуги за образование на возрасните се: училиште, регионален центар за стручно образование и обука, високообразовна установа, како и специјализиранa установa и институциja за образование на возрасните согласно овој закон.
Целосниот текст на предлог законот е достапен тука.