„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови

05.04.2024

Врз основа на член 54 став 1 точка 8, член 56 став 1 точка 3, а во врска со член 63-а, 63-б и 63-в од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006,18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019, 77/2021. 285/2021, 60/2023, 154/2023 и 209/2023), Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија на седницата одржана на 28 март 2024 година, донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА
НАЧИНОТ И МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ РЕФЕРЕНТНИ ЦЕНИ НА
ЛЕКОВИ
 
Член 1
Во Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2009, 138/2010, 129/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 283/2021) во член 2 став 2 од овој Правилник реченицата „Составен дел на големопродажната цена е маржата за промет на големо соглaсно со Законот за лековите и медицинските помагала“ се брише.