„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА

28.12.2022

 Според Известувањето на Министерството за животна средина и просторно планирање, целта на Предлог – законот за климатска акција е зголемување на напорите за зајакнување на глобалниот одговор кон заканата од климатските промени, воспоставување механизми за следење и известување неопходни за навремено, транспарентно, точно, конзистентно, споредливо и комплетно известување и верификација на информации за специфицирани антропогени емисии на стакленички гасови по извори и отстранување преку апсорбенти, како и преземање на акции за адаптација кон климатските промени, воспоставување политики, планирање и преземање на административни мерки.