„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Решение за престанок на важење на решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот и њукастелска болест во РСМ по потекло од Република Полска

23.04.2024

Врз основа на член 55 став (2) од Законот за организација и работа на органите на
државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
 
РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА
УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ
НА ЊУКАСТЕЛСКА БОЛЕСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО
ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ПОЛСКА
 
Член 1
Со ова решение престанува да важи Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на њукастелска болест во Република Северна Македонија по потекло од Република Полска (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 162/2023).
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 02 – 1035/1           
17 април 2024 година
Скопје
 
Агенција за храна и ветеринарство
                 в.д. Директор,
Николче Бабовски, с.р.