„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области)

23.04.2024

Врз основа на член 43 став (2) точка 18. од Законот за високото образование*
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/21 и 58/24), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 9 април 2024 година, донесе
УРЕДБА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИТЕ ПОЛИЊА ОД ТРЕТО НИВО (ОБЛАСТИ)
 
Член 1
Со оваа уредба се утврдуваат научно-истражувачките полиња од трето ниво (области), како дополнување на двете нивоа на Меѓународната Фраскатиева класификација.
Член 2
Научна област (III ниво) е трета таксономска позиција во научно-истражувачкиот
простор и претставува збир на соодветни научно-истражувачки дисциплини (единици).
Член 3
Класификацијата на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области), е дадена во Прилог, кој е составен дел на оваа уредба.