„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Уредба за изменување и дополнување на уредбата за распоредувањето на одредени стоки во комбинираната номенклатура согласно регулативите на европската комисија

23.04.2024

Врз основа на член 5 став 4 од Законот за Царинската тарифа („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/03, 69/04, 10/08, 160/08, 35/10, 11/12, 93/13, 44/15, 81/15, 192/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19 и 39/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 9 април 2024 година, донесе
УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА
РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ СТОКИ ВО КОМБИНИРАНАТА
НОМЕНКЛАТУРА СОГЛАСНО СО РЕГУЛАТИВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА
КОМИСИЈА(*)
 
Член 1
   Во Уредбата за распоредувањето на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската комисија(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 222/20, 281/20, 4/21, 53/21, 135/21, 197/21, 292/21, 78/22, 188/22, 218/22, 25/23, 74/23, 166/23, 202/23 и 275/23), во членот 1 во ставот (2) бројот „47“ се брише, по бројот „492“ сврзникот „и“ се заменува со запирка, а по Прилогот 493, се додаваат седум нови Прилози 494, 495, 496, 497, 498, 499 и 500, кои се составен дел на оваа уредба.
Член 2
Прилогот 47 се брише.        
Член 3
Оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-2799/5
9 април 2024 година
Скопје
 
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
 м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.