„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Решение за изменување на решението за забрана на увози транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на африканска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат од Република Романија

02.05.2024

Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И
ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД
ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ
НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД РЕПУБЛИКА РОМАНИЈА
 
Член 1
Во Решението за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и
нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на
африканска свинска чума во Република Северна Македонија кои потекнуваат од
Република Романија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 76/24), Прилогот се заменува со нов Прилог, кој е составен дел на ова решение.
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 02-923/2
25 април 2024 година
Скопје
 
Агенција за храна и ветеринарство
Директор,
в.д. Николче Бабовски, с.р.
 
Прилог
Региони во Романија:
- Долж/Dolj
- Констанца/Constanţa
- Бихор/Bihor
- Горж/Gorj
- Салаж/Sălaj
- Сучава/Suceava
- Алба/Alba