„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

31.01.2022

 Член 1

Во законот за минимална плата во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 11/2012, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15, 132/17, 85/18, 140/18 124/19 и 239/19), членот 4 се менува и гласи:
„(1) Висината на минималната плата не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена нето-плата по вработен во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика.
(2) Министерот за труд и социјална политика најдоцна до дваесеттиот ден во месецот, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата за наредниот месец во бруто износ усогласена согласно ставот (1) на овој член, во "Службен весник на Република Северна Македонија“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.