„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Решение за престанок на важење на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Полска

19.05.2024

Врз основа на член 55 став (2) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе
РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАБРАНА НА
УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД
ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ
НА ВИСОКО ПАТОГЕНА АВИЈАРНА ИНФЛУЕНЦА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД РЕПУБЛИКА ПОЛСКА
 
Член 1
Со ова решение престанува да важи Решението за забрана на увоз на живи животни,
производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на
вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по
потекло од Република Полска („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.
3/23, 41/23, 105/23, 117/23, 251/23 и 56/24).
Член 2
Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 02-663/2
9 мај 2024 година
Скопје
 
Агенција за храна
и ветеринарство
в.д. Директор,
Николче Бабовски, с.р.