„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството

20.05.2024

Врз основа на член 73-р став (2) од Законот за минерални суровини (*) (,,Службен весник на Република Македонија” бр.136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16, 7/19 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.99/22, 129/23 и 253/23), министерот за економија донесе
ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА ИЗРАБОТКА
НА РУДАРСКИ ПРОЕКТИ ЗА ПОВРШИНСКА И ПОДЗЕМНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА,
ПРЕРАБОТКА НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ДРУГИ РУДАРСКИ ПРОЕКТИ ОД
ОБЛАСТА НА РУДАРСТВОТО
 
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството.
Член 2
(1) Лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството се издава на тврда хартија во бела боја во А4 формат.
(2) Формата и содржината на лиценцата од ставот (1) на овој член се дадени во Прилог, кој е составен дел на овој правилник.
Член 3
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Северна Македонија”.
Бр. 24-2276/1
13 мај 2024 година
Скопје
 
 
Министер за економија,
Крешник Бектеши, с.р.