„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Програма за управување, уредување и одржување на објектите на граничните премини за патен сообраќај за 2024 година

27.05.2024

Врз основа на член 49-г став (1) од Законот за Царинската управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/04, 81/05, 107/07, 103/08, 64/09, 105/09, 48/10, 158/10, 53/11, 113/12, 43/14, 167/14, 33/15, 61/15, 129/15, 23/16, 120/18, 248/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 мај 2024 година, донесе
ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ
НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ЗА ПАТЕН СООБРАЌАЈ ЗА 2024 ГОДИНА
 
I
ОПШТА ОДРЕДБА
Со оваа програма се пропишува управувањето, уредувањето и одржувањето на објектите на граничните премини на Република Северна Македонија за патен сообраќај за 2024 година.
II
ИЗВОРИ НА СРЕДСТВА
Основни извори на средствата потребни за реализирање на оваа програма се планирани во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.
За реализација на оваа програма потребни се вкупно 27.070.000,00 денари и истите се планирани од Буџетски раздел 09003 – Царинска управа на Република Северна Македонија, Буџетска сметка 637-16, Сопствена сметка 631-14 и Сметка од самофинансирачки активности 787-14, Програма 22 – Гранични премини и Програма 20 – Царинска управа.