„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од здруженијата

Серафимовски: Поради нееднакви услови за работа на домашниот пазар, македонски компании работат како подизведувачи на странски компании

20.03.2023

Интервју на Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите при СКСМ за порталот Локално

Македонските градежни компании алармираат дека со ангажирањето на италијанскиот конзорциум „ИРД Инженеринг“ за надзор врз работата на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради коридорите 8 и 10 само се продолжува досегашната пракса на истиснување на домашните субјекти.

Како крајно спорен го посочуваат фактот дека и покрај тоа што имаме докажани кадри од сите фази на изградба, меѓу кои и за надзор, и тоа со бројни референци кои се конкурентни  и настапуваат на странскиот пазар, знаењето и искуството не можат да го применат на домашниот пазар.

Проблемот е хроничен, бидејќи долг период наназад не се исти условите за работа на домашниот пазар  за домашните и за странските компании, односно во одредени делови се во прилог на надворешните субјекти

Интервјуто со Серафимовски на следниот линк - https://lokalno.mk/serafimovski-poradi-neednakvi-uslovi-za-rabota-na-domashniot-pazar-makedonski-kompanii-rabotat-kako-podizveduvachi-na-stranski-kompanii/